Британската управа за заштита на конкуренцијата и пазарот соопшти дека започна истрага за купувањето на Ворнер од страна на Парамаунт вредно 110 милијарди долари. Истрагата ќе утврди дали трансакцијата би можела значајно да ја наруши конкуренцијата на пазарот на Обединетото кралство, пренесе Телеграф.

Британската управа од 7-ми август ќе донесе одлука дали случајот ќе го упати во втора, подетална фаза на регулаторни проверки.

Доколку биде реализирано спојувањето на Ворнер и Парамаунт, тоа ќе создаде медиумски гигант кој ќе ги обедини телевизиските студија, телевизиските мрежи и стриминг сервисите меѓу кои се Парамаунт +, ХБО Макс, Чанел 5 и ТНТ Спортс.

На тој начин би дошло до најголемото преобликување на холивудската индустрија во последните децении.

Слични новости

„Одисеја“ на Критофер Нолан заработи фантастични 264 милиони долари во првиот викенд

„Одисеја“ на Критофер Нолан заработи фантастични 264 милиони долари во првиот викенд

Продукциските трошоци на филмот го чинеа студиото Универзал 250 милиони долари, но филмот заработи 124,5 милиони долари викендов само во САД и дополнителни 139,5 милиони долари на 73 пазари надвор од САД.