Администрацијата на Доналд Трамп разгледува што би значел за економијата потенцијален скок на цените на нафтата и до 200 долари по барел, според извори запознаени со ситуацијата, што укажува дека високите функционери ги анализираат можните последици од екстремни сценарија во војната со Иран, објави Блумберг.
Целта на анализата е американската администрација да биде подготвена за сите исходи, вклучувајќи и долготраен конфликт.
Цените на нафтата пораснаа откако САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари – американската референтна нафта ВТИ (WTI) скокна околу 30 отсто, на 91 долар по барел, додека брентот во истиот период порасна речиси 40 отсто, на околу 102 долара.
Белата куќа во средата соопшти дека дипломатските напори за ставање крај на војната сè уште траат, и покрај јавното одбивање на Иран да одговори на иницијативата на Доналд Трамп за преговори, со закани за понатамошна воена акција доколку не се постигне договор.
Администрацијата планирала воената операција да трае меѓу четири и шест недели, соопшти Белата куќа.
Министерот за енергетика Крис Рајт на 12 март изјави дека скок на цената на нафтата на 200 долари е „малку веројатен“. Сепак, тоа би претставувало огромен шок за светската економија – реално гледано, цената го достигнала тоа ниво само еднаш во последниот половина век, во 2008 година, непосредно пред светската финансиска криза.
Слични новости
Трамп и се закани на Британија со големи царини поради данокот на дигиталните услуги
Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Велика Британија со воведување на „големи царини“ доколку британскиот премиер Кир Стармер не го укине данокот на дигитални услуги, кој САД го сметаат за неправедно насочен кон американскуте технолошки компании.
Кинескиот старт ап Дип Сик го лансираше моделот за вештачка интелигенција В4
Кинесикиот страт ап Дип Сик ја претстави новата генерација на својот водечки модел за вештачка интелигенција, серијата В4, и тврди дека станува збор за најмоќната платформа отворено до сега.
Благ раст на цените на нафтата на светските берзи
Цените на нафтата утрово забележаа благ раст на светските берзи, и покрај вестите за продолжување на примирјето меѓу Израел и Либан.


