Администрацијата на Доналд Трамп разгледува што би значел за економијата потенцијален скок на цените на нафтата и до 200 долари по барел, според извори запознаени со ситуацијата, што укажува дека високите функционери ги анализираат можните последици од екстремни сценарија во војната со Иран, објави Блумберг.
Целта на анализата е американската администрација да биде подготвена за сите исходи, вклучувајќи и долготраен конфликт.
Цените на нафтата пораснаа откако САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари – американската референтна нафта ВТИ (WTI) скокна околу 30 отсто, на 91 долар по барел, додека брентот во истиот период порасна речиси 40 отсто, на околу 102 долара.
Белата куќа во средата соопшти дека дипломатските напори за ставање крај на војната сè уште траат, и покрај јавното одбивање на Иран да одговори на иницијативата на Доналд Трамп за преговори, со закани за понатамошна воена акција доколку не се постигне договор.
Администрацијата планирала воената операција да трае меѓу четири и шест недели, соопшти Белата куќа.
Министерот за енергетика Крис Рајт на 12 март изјави дека скок на цената на нафтата на 200 долари е „малку веројатен“. Сепак, тоа би претставувало огромен шок за светската економија – реално гледано, цената го достигнала тоа ниво само еднаш во последниот половина век, во 2008 година, непосредно пред светската финансиска криза.
Слични новости
Падна цената на нафтата откако САД најавија акција на солбодување на заглавените бродови кај Ормутскиот теснец
Фјучерсите за суровата нафта утрово паднаа, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе премине на „ослободување“ на заглавени товарни бродови во Ормускиот теснец и посочи на напредок во преговорите со Иран иако Техеран го одбива планот.
Германија е известена за зголемувањето на царините што ги најави Трамп на увоз на автомобили од ЕУ
Германија е известена за зголемувањето на царините што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп на увоз на автомобили од Европската унија и е во контакт со Комисијата на ЕУ, додека води преговори со Вашингтон
Доларот слабее и го прави животот на Американците поскап
Доларот падна за околу 10 насто во однос на другите главни валути откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа, што предизвикува загриженост кај Американците за пристапност кон стоките и услугите.


