Американската администрација не се противи кинеските производители на автомобили да отворат фабрики во САД и покрај силните критики од американските конгресмени и автокомпаниите.
Вашингтон наведе дека не би саскал Кинезите да ги произведуваат автомобилите во Мексико и потоа да ги извезуваат во САД.
Американските производители на автомобили го повикаа претседателот Доналд Трамп кој за две недели треба да има состанок со кинескиот колега Си Џинпинг да не им дозволи на кинеските производители пристап на американскиот пазар.
Со прописот кој го воведе поранешната администрација на Џо Бајден им беше забрането на кинеските производители на автомобили да продаваат или произведуваат патнички возила во САД.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.