Портпаролката на Белата куќа Каролина Левит денеска потврди дека утре во Доха ќе се одржи нова рунда преговори со иранските претставници, а американската политичка делегација ќе ја предводат Стив Виткоф и Џерад Кушнер.
Паралелно со преговорите на високо политичко ниво, продолжуваат и техничките разговори меѓу Техеран и Вашингтон.
Белата куќа соопшти дека САД ќе се придржува кон своите обврски од примирјето, но дека на секој чин на насилство, ќе одговори со насилство.
Американскиот претседател Доналд Трамп на платофрмата „Трут соушал“ напиша дека американско-иранските преговори утре во Доха ќе се одржат на барање на Техеран.
Слични новости
САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт
Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.
Русија изврши голем ракетен напад врз Киев
Русија изврши серија напади со балистички ракети врз украинскиот главен град Киев, при што загина едно лице, а најмалку 14 се повредени, соопштија украинските власти.


