Станислас Стан Вавринка, 40-годишниот швајцарски тенисер, објави дека следната година ќе биде неговата последна во големата кариера.
„Секоја книга има крај, а на мене е да го испишам моето последно поглавје следната година“, рече Вавринка, додавајќи дека следната сезона сака да ги тестира границите до кои може да оди во овие години, но и да ја заврши големата кариера на позитивен начин.
„Отсекогаш сум уживал во тенисот и сè уште уживам во него. Сè уште имам одредени соништа поврзани со тенисот“, рече Вавринка.
За време на својата кариера Вавринка освои 16 АТП турнири, а од нив трипати беше најдобар на Гренд-слем турнири. Го освои Австралија Опен во 2014 година, а потоа триумфираше на Ролан Гарос една година подоцна по брилијантниот финален настап во кој го победи Новак Ѓоковиќ во четири сета, додекаво 2016 година беше најдобар на Отвореното првенство на САД. Во Мелбурн беше подобар од Надал во финалето, а во Њујорк беше подобар и од Ѓоковиќ.
Иако целата своја кариера ја мина во сенка на тројцата најдобри тенисери на сите времиња, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, Вавринка го зграпчи својот дел од славата и беше и трет тенисер на АТП ранг-листата. Моментално е 157-ми во светот.
Со Федерер го освои златниот медал во двојки на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, а шест години подоцна беше и победник на Дејвис купот. Ќе биде запаметен и како тенисер со веројатно најдобриот и најубавиот бекхенд во историјата на „белиот спорт“.
Слични новости
Крај на кариерата на Линдзи Вон
Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено
Се повреди стоперот Жаке кој Ливерпул го купи за 72 милиони евра
Медиумите пишуваат дека Жаке најверојатно ќе мора да оди на операција, а потоа и на повеќемесечна рехабилитација. Тој беше планиран како големо засилување во срцето на одбраната на Ливерпул за сезоната 2026/2027.
Кем Томас од Бруклин во Милвоки
Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН


