Во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицоски за Акцискиот план за правата на малцинствата и заедниците подготвен од македонската влада Софија изразува загриженост за „последните измислени тези од властите во Скопје што „остро се разликуваат од суштината на европскиот консензуз од 2022 година
Реакцијата на бугарското МНР доаѓа по изјавите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, дадени викендот, во кои тој наведе дека Акцискиот план бил завршен уште пред неколку месеци, со вклученост на европски експерт, но оти Софија го одбила, покажувајќи на тој начин дека проблемите што Бугарија ги има со нашата земја се подлабоки и немаат врска со исполнувањето на Копенхашките критериуми за членство во Европската Унија.
Според Мицкоски, Бугарија е единствената земја членка на ЕУ што има забелешки на документот, а тие, како што кажа вчера, се однесуваат на тоа што Планот е напишан на македонски јазик.
Во текстот на бугарското МНР објавено на официјалната веб-страница, се вели дека прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на малцинствата и заедниците што се очекува од Скопје е внатрешно прашање на С Македонија и оти тоа не е тема на билатералните односи.
Слични новости
СДСМ: Владата планира да потроши 100 милиони евра за нов авион
СДСМ ја обвини Владата дека планира да потроши околу 100 милиони евра за набавка на нов владин авион, наместо средствата да се насочат кон зголемување на платите
Панчевски најави кривична пријава за членовите на Советот на обвинители, откако беше дисквалификуван за функцијата Јавен обвинител
Откако не влезе во трката за Државен јавен обвинител и не доби зелено светло од Советот на јавни обвинители, кандидатот Владимир Панчевски, преку соопштение на Фејсбук напиша дека ќе им поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба на членовите на Советот.
Нино Васев останува во притвор
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи во случајот „Онкологија 2“, иако беа понудени имотни гаранции од над 350.000 евра.


