Амбасадата на Бугарија во Скопје повика на спречување на блокирање на граничните премини и патиштата меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Ова е наведено во објава на официјалната Фејсбук страница на дипломатската мисија, потпишана од бугарскиот амбасадор во Северна Македонија, Железко Радуков.
Амбасадата им се заблагодарува на бугарските институции, организации и граѓани за изразената поддршка за мисијата „во сегашните особено тешки услови“.
Оваа објава доаѓа откако беа опожарени два автомобила на бугарската амбасада во Скопјe. Бугарската амбасада наведува дека националниот интерес на Бугарија бара земјата да остане отворена за своите југозападни соседи преку промовирање на културна размена, контакти меѓу поделени семејства, како и економска соработка и трговија.
Слични новости
Сиљановска-Давкова ја пречека претседателката на Индија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава.
Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод
Забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна останува во сила, се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност.
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.


