Најголемата бугарска парламентарна група ГЕРБ-СДС ја одби понудата од претседателот Румен Радев да се обиде да формира влада, со што станува извесно дека ќе има нови избори во Бугарија.

Владата на Росен Жељазков, поддржана од ГЕРБ и СДС, поднесе оставка минатиот месец по неколку недели улични протести против корупција и предложениот буџет. Жељазков веднаш го врати понудениот мандат од Радев, велејќи дека нема доволно поддршка во парламентот за да изгради стабилно мнозинство.

Се очекува и други партии да го одбијат мандатот, по што Радев ќе треба да го распуштипарламентот и да распише нови избори, осми за период од четири години.

 

 

Слични новости

Исламабад под високи безбедносни мерки пред клучните преговори САД – Иран

Исламабад под високи безбедносни мерки пред клучните преговори САД – Иран

Пакистанската престолнина денеска е под засилени безбедносни мерки и речиси целосно мирна, додека властите го затворија градот пред почетокот на преговорите меѓу САД и Иран, чија цел е постигнување траен прекин на огнот по повеќенеделен конфликт.