Бугарската влада постигна спогодба со швајцарската компанија Литаско за обновување на целосното снабдување со нафта од рафинерирајата Лукоил Бургас, почнувајќи од први јули.
Владата во Софија оцени дека договорот е важен за зачувување на енергетската безбедност на земјата, со оглед на фактот дека рафинеријата има клучна улога во производството и дистрибуцијата на нафтени деривати во Бугарија и југоисточна Европа.
Спогодбата се случува во период кога рафинеријата е под засилен надзор на бугарската држава, откако американските санкции врз руски Лукоил доведоа до смена на начинот на управување со компанијата и отворија процес за продажба на бугарските активи.
Слични новости
Цената на нафтата продолжува нагло да расте
Фјучерсите на референтната нафта „Брент“ поскапеа за 3,14 насто на 90,87 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од 11-ти јуни. Американската сирова нафта ВТИ поскапе за 2,85 насто на 84,84 долари за барел.
Цените на нафтата пораснаа поради ескалацијата на судирот меѓу САД и Иран
Фјучерсите за нафтата Брент денеска пораснаа за 70 центи на 84,93 долари по барел, а американската сирова нафта ВТИ поскапе за 81 цент на 79,76 долари по барел, јавува Ројтерс.
Економистите очекуваат дека Европската Централна Банка нема да ги зголеми каматите
Европската Централна Банка (ЕЦБ) идната недела најверојатно нема да ги смени каматните стапки, но нивно зголемување се очекува во септември, сметаат економистите.

