Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на остатоци од пестициди над максимално дозволените законски граници.
Поради утврдените отстапувања од безбедносните стандарди, пратката нема да биде пуштена на бугарскиот пазар, туку ќе биде вратена во Македонија. Случајот бил откриен во рамки на засилените контроли што бугарските надлежни институции ги спроведуваат врз увозот на свежо овошје и зеленчук.
Одлуката е донесена врз основа на лабораториските резултати, кои укажале дека јаболката не ги исполнуваат пропишаните услови за безбедност на храната.
Слични новости
Продолжува судењето за трагедијата во Кочани
Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази од одбраната.
Виш обвинител од Битола осомничен за примање поткуп
Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, беа извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на ВЈО Битола со цел обезбедување дополнителни докази.
ЕК предлага отварање на преговарачките кластери за земјите кандидати со квалификувано мнозинство
Предлогот за поинакво гласање не ја отстранува обврската Македонија да ги спроведе договорените уставни измени. Во заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година, одржувањето на следната меѓувладина конференција е врзано за исполнувањето на таа обврска, која го опфаќа и внесувањето на Бугарите во Уставот.


