Легендариот рокер Брус Спрингстин ја започна новата концертна турнеја од Минеаполис со најмилитантното и најполитичко шоу на уметник во последните неколку години. Според часописите „Ролинс Стоун“ и „Билбоард“ неговиот настап беше повеќе политички митинг, отколку што беше концерт.

„Шефот“ настапи со својот познат „Е стрит бенд“ и рече дека е пред публиката за да ги слави и брани американските идеали, демократија и Устав.

„Америка што ја сакам и која беше симбол на надежта и слободата низ целиот свет сега е во рацете на корумпирана, неспособна, расистичка и предавничка влада“ и порача Спрингстин на публиката.

Тој рече и дека започнал турнеја која не е планирана, но дека ја покренал за да ја почувствува надежта и силата на луѓето во овие тешки времиња кои Американците ќе ги пребродат.  

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.