Бруно Фернандеш е повторно херој во препородениот тим на Манчестер јунајтед кој стигна до третото место во Премиер лигата. Иако не постигна гол против Астон Вила, Бруно имаше две асистенции со што стигна до 16 асистенции оваа сезона во Премиер лигата.
Претходниот рекорд по број на асистенции во дресот на Манчестер јунајтед го држеше Дејвид Бекам со 15 асистенции во сезоната 1999-2000.
Бруно Фернандеш најавуваше заминување од Манчестер јунајтед додека на клупата беше Рубен Аморим, но по доаѓањето на Мајкл Карик за менаџер и извесниот настап на Манчестер во Лигата на шампионите следната сезона, Бруно сака да остане во клубот.
Тој има договор до летото 2027, но и опција за продолжување на договорот до јуни 2028.
Слични новости
Пејтон Вотсон најновиот повреден кај Денвер Нагетс
Пејтон Вотсон има повреда на задната ложа и не е познато колку ќе отсуствува од теренот. Поради истата повреда Арон Гордон не игра веќе со месеци.
Џа Морант најверојатно ќе биде трејдуван во Мајами
Мајами Хит кој беше еден од најсериозните тимови за ангажирање на јанис Адетокумбо од Милвоки, се откажа од трката за грчкиот крилен центар и се насочи кон тоа да го доведе спектакуларниот плејмејкер на Мемфис Гризлис Џа Морант.
Голден Стејт Вориорс ги размени Каминга и Хилд за Порзингис
Големиот знак прашалник кај Летонецот не е неговиот талент, туку склоноста кон повреди во текот на целата кариера. Годинава одигра само 17 натпревари, а три сезони нема одиграно повеќе од 60 натпревари по сезона.