Бројот на повредените при уривањето на троспратна зграда во њујоршката населба Флетбуш во Бруклин кога погинаа две лица се искачи на 17, а спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по преживеани.
Меѓу повредените се четири лица во критична состојба, 12 со стабилни повреди и еден пожарникар кој е полесно повреден пренесе Си Ен Ен.
Станбената зграда со четири стана изградена 1930 се урна на соседното градилиште на кое беа во тек работи на ископување, а причината на уривањето на зградата се истражува, изјави Џон Еспозито, шеф на противпожарната служба на Њујорк.
Во спасувачката операција учествуваат повеќе од 250 пожарникари и припадници на итните служби, кои со помош на кучиња трагачи, дронови и тешка механизација ги пребаруваат урнатините.
Слични новости
Најмалку 16 повредени во ракетен напад врз Одеса
Најмалку 16 лица се повредени во утрински ракетен напад врз Одеса, меѓу кои и петмесечно бебе, соопшти Олексиј Кипер, претседател на Одеската обласна воена администрација.
Саудиска Арабија го затвори клучниот нафтовод по напад со дронови
Нафтоводот долг околу 1.200 километри е од клучно значење за извозот на саудиската нафта, бидејќи овозможува транспорт до Црвеното Море и ја намалува зависноста од стратегиски важниот Ормутски теснец.
Хутите го презедоа Мока и островот Перим, расте напнатоста вo Црвеното Море
Преземањето на Перим им дава на Хутите значително поголемо влијание врз Баб ел-Мандеб, теснецот што го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и претставува клучна рута кон Суецкиот Канал.


