Бројот на повредените при уривањето на троспратна зграда во њујоршката населба Флетбуш во Бруклин кога погинаа две лица се искачи  на 17, а спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по преживеани.

Меѓу повредените се четири лица во критична состојба, 12 со стабилни повреди и еден пожарникар кој е полесно повреден пренесе Си Ен Ен.

Станбената зграда со четири стана изградена 1930 се урна на соседното градилиште на кое беа во тек работи на ископување, а причината на уривањето на зградата се истражува, изјави Џон Еспозито, шеф на противпожарната служба на Њујорк.

Во спасувачката операција учествуваат повеќе од 250 пожарникари и припадници на итните служби, кои со помош на кучиња трагачи, дронови и тешка механизација ги пребаруваат урнатините.

 

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.