Демократска Република Конго соопшти дека бројката на потврдени случаи на ебола во таа земја порасна на 1.003 заболени. Во соопштението на владата се наведува дека од избувнувањето на епидемијата во Конго од ебола умреа 254 лица.
Специјалистот за заразни болести Лоренс Лизенберг рече дека особени изложени на вирусот се здравствените работници кои не работат во специјализираните центри за ебола. Бројката на заразени здрваствени работници порасна на 75, а 15 починаа од ебола.
Епидемијата на ебола во Конго сеуште се шири, особено во подрачјата каде што има конфликти, а здравствените работници немаат пристап.
Слични новости
САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт
Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.
Русија изврши голем ракетен напад врз Киев
Русија изврши серија напади со балистички ракети врз украинскиот главен град Киев, при што загина едно лице, а најмалку 14 се повредени, соопштија украинските власти.


