Комерцијалните бродови и натаму минуваат низ Ормутскиот теснец, иако обемот на сообраќајот е намален, а пловидбата се одвива според рути шти ги определи Иран.

Во текот на викендот низ Ормутскиот теснец минаа ограничен број на бродови, меѓу кои и два танкери за нафта кои влегоа во Персискиот залив без товар.

Се проценува дека ќе бидат потребни уште неколку месеци за враќање на сообраќајот на ниво пред војната меѓу САД и Израел со Иран.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека само Иран е задолжен за повторно отварање на Ормутскиот теснец и дека секое странско мешање може да ги искомпликува работите и доополнително да ги подигне тензиите.

Слични новости

Берзите нестабилни пред клучни податоци кои се очекуваат да бидат објавени неделава

Берзите нестабилни пред клучни податоци кои се очекуваат да бидат објавени неделава

Европските индекси на берзите денеска се главно нестабилни, додека инвеститорите се подготвуваат за важна недела во која ќе бидат објавени кварталните извешати за работењето на големите американски банки и податоците за инфлацијата во САД.