Британскиот нафтен гигант Бритиш Петролеум денеска соопшти дека го прекинува кварталниот откуп на акциите, откако приходите на компанијата за 2025 паднаа под очекувањата.

Акционерите очекуваат мерки за опоравување на компанијата од новата извршна директорка Мег О’Нил која официјално ќе ја преземе функцијата во април.

БП забележа пад на основната добивка од 9 милијарди долари во 2024, на 7,5 милијарди долари во 2025, што е последица на третата година по ред на пад на цената на нафтата, најлош пад на цените од падемијата со короната, пишува Гардијан.

Кварталната добивка во последното тромесечје од 2025 падна за цели 30 насто во однос на претходниот квартал, на 1,54 милијарди долари.

Слични новости

Лани профиотот на Мерцедес падна за 50 насто

Лани профиотот на Мерцедес падна за 50 насто

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц денеска објави дека неговиот профит опадна од 10,4 милијарди евра во 2024 на 5,3 милијарди евра во 2025, што претставува намалување за речиси 50 насто.