Британскиот нафтен гигант „Шел“ денеска ја објави најслабата квартална добивка во изминатите пет години, со прилагодена заработка од 3,26 милијарди долари во четвртиот квартал, што е пониско од предвидувањата на берзанските аналитичари.

Поради ниските цени на нафтата и неповолните даночни прилагодувања компанијата го забележа најслабиот резултат уште од првиот квартал во 2021, пренесе американата телевизија ЦНБЦ:

Вкупната заработувачка на Шел во 2025 изнесува 18,5 милијарди долари, што е значаен пад во однос на минатата година кога беше остварен профит од 23,7 милијарди долари.

Слични новости

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.