Британскиот премиер Кир Стармер потврди дека поднесува оставка, за помалку од две години откако ја врати Лабуристичката партија на власт по 14 годишно владеење на конзервативците.
Стармер пред Даунинг стрит 10 рече за својата одлука разговарал со кралот Чарлс трети и дека е отворен патот кон смена на врвот на британската влада и на Лабуристичката партија.
Гардијан пишува дека е сеуште незивесно дали лабуристите ќе организираат партиски избори за нов лидер, или ќе уследи договорен и забрзан процес за пренос на власт врз Енди Бернам.
Во круговите блиски на Бернам постои волја процесот да се заврши во јули за да се избегне период на долга политичка неизвесност и празнина во власта.
Стармер во обраќањето наведе дека доаѓањето на позицијата беше неговиот „најгорд момент во кариерата“ и потсети дека ја презеде Лабуристичката партија во момент на длабока политичка, финансиска и морална криза.
Слични новости
Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици ризици во снабдувањето
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци, поради скокот на цената на нафтата на светските берзи
Пекинг ги демнатираше обвинувањата на Трамп: не се мешаме во изборите во САД
Кина денеска ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидела да влијае врз изборите во Америка и дека наводно собрала податоци за милиони американски избирачи, истакнувајќи дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на други држави.
Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај
Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар.


