Велика Британија ја намали финансиската поддршка за одбрана од руските напади и дезинформации на Западен Балкан од 45,7 милиони евра минатата година, на 27,36 милиони евра за 2026 година.
Фондот ИСФ кој ја поддржува борбата против сајбер напади, засилување на демократијата и независните медиуми е погоден со намалување на развојната помош од 36,37 милиони евра на 19 милиони евра, пишува „Гардијан“.
Британските експерти предупредуваат дека финансиските кратења може да го намалат регионалното лидерство на Британија во сузбивање на руското влијание и дестабилизациите.
Тие истакнуваат дека регионот е во првата линија на борбата против дезинформации и дека намалувањето на средствата не е од стратегиски интерес за Британија.
Британскиот премиер Кир Стармер неодамна го опиша регионот на Западен Балкан како „европско искушение и место каде што безбедноста на европскиот континет е ставена на тест.
Слични новости
Бројката на новоотворени работни места во САД во декември падна за 386.000
Бројката на новотоворени работни места во САД во декември падна за 386.000 на 6,5 милиони, објави денеска Американското биро за статистика на трудот. Тоа е најголем пад од септември 2020 и е значајно под пазарните очекувања
Европските берзански индекси во пад
Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, додека берзите ги анализираат извештаите за добивките на големите компании и банките на крајот од неделата.
Крах на криптовалутите на берзите
Во четвртокот биткоинот падна за повеќе од 12% на под 64.000 долари ниво кое не е видено од октомври 2024 година. Други популарни криптовалути како Етер и Солана исто така се во пад. Солана, во моментов достигна најниска вредност за последните две години.


