Европската унија ја разгледува можноста за укинување на правото на вето во сферата на надворешната и безбедносната политика, изјави високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Каја Калас.

Како што пренесуваат западни медиуми, Калас укажала дека сегашниот систем на одлучување, кој бара едногласност од сите држави членки, значајно го успорува донесувањето на одлуките за клучни прашања од сферата на безбедноста и надворешната политика.

„Затоа мора да размислиме како да ги направиме нашите процедури поефикасни. Мораме да разгледаме усвојување на квалификувано мнозинство во нашата заедничка надворешна и безбедносна политика, изјави Калас.  

Слични новости