Англискиот лев бек Ел Хаџи Малик Диуф е нов играч на Брентфорд, официјално објави премиерлигашот.
Диуф потпиша петгодишен договор со Брентфорд, а во клубот доаѓа од Вест Хем за дури 41 милиони евра, со потенцијални 6 милиони евра за бонуси, пренесе британскиот Скај спорт.
Дефанзивецот во минатата сезона одигра 34 натпревари за Вест Хем и пет пати беше асистент во сезоната во која Вест Хем испадна од Премиер лигата.
Диуф е стандарден репрезентативец на Сенегал и за репрезентацијата играше и на неодамна завршеното Светско првенство во фудбал.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
