По драматична борба на „Билино поље“ во Зеница репрезентацијата на Босна и Херцеговина избори пласман на Светското фудбалско првенство.

Во решавачкиот меч од баражот Босна на пенали ја совлада Италија 5:2, откако во регуларниот дел и продолженијата натпреварот заврши 1:1.

Босна на Мундијалот ќе биде во групата Б со селекциите на Швајцарија, Катар и домаќинот Канада.

За Босанците ова е прв пласман на Светско првенство по нивното учество во 2014, а Италија пропушта и трет Мундијал по ред што е за репрезентација од такво реноме вистинска катастрофа.

Слични новости

Тотенхем бара вина за лошата сезона во судењето

Според извори на Би Би Си Спорт, клубот посебно се фокусирал на недоследните одлуки што доведоа да се признаат или поништат голови по контакти во шеснаесетникот. Тотенхем смета дека е оштетен во повеќе наврати во текот на сезоната.