Досегашниот фудбалер на Бенфика и босански репрезентативец Амир Дедиќ денеска потпиша петгодишен договор со Њукасл, соопшти англискиот клуб. Дедиќ (24) е шестото засилување на Њукасл во летниот преоден рок.

Британските медиуми известуваат дека Њукасл трансферот на Дедиќ го платил 29,5 милиони фунти.

Новиот менаџер на Њукасл Матијас Јајсле соработуваше со Дедиќ во Салцбург.

Дедиќ по потпишувањето на договорот изјави дека играњето на Сент Џејмс парк и во Премиер лигата ќе биде навистина посебно искуство.

Слични новости

Арсенал конкретен во понудата да го доведе Винисиус Жуниор

Арсенал конкретен во понудата да го доведе Винисиус Жуниор

Арсенал официјално воспостави контакти со агентите на Винисиус Жуниор и понуди плата од 400.000 фунти за Винисиус со што, ако се реализира трансферот, Бразилецот ќе стане најплатениот играч во историјата на англискиот клуб.