Гаснењето на големиот пожар во Лос Гаљардос во Шпанија во кој досега загинаа 12 луѓе, продолжува и денеска, јавуваат шпанските медиуми.
Воената единица за вонредни ситуации и батаљонот за итни интервенции го гаснеа пожарот во текот на ноќта, го обезбедија периметарот и распоредија дронови, за да ги лоцираат жариштата на пожарот.
На пожарникарите и војниците поддршка има дваат дури 32 авиони, што овозможи пожарот натаму да не се шири.
Владата на Андалузија им одобри враќање на повеќе од 600 жители во своите домови. Огромен број куќи беа зафатени од пожарот, а беа евакуирани 1.400 луѓе.
Слични новости
Трагедија во Пакистан – 14 новороденчиња загинале во пожар во болница
Најмалку 14 новороденчиња починале откако избувнал пожар во одделението за породилиште во болница во пакистанскиот главен град Исламабад.
Пожарот избувнал во клима-уред во одделението за мајки и деца во болницата а бргу се проширил поради приклучоците за кислород, пренесуваат медиумите.
Десетици загинати, повеќе стотици исчезнати во ненадејна поплава во Непал
Речиси 400 луѓе, меѓу кои и најмалку 290 странски туристи, засега се водат како исчезнати. Меѓу исчезнатите има државјани на Индија, Австралија, Холандија, Јужна Африка, Велика Британија и Малезија.
Рубио до сојузниците: САД во моментов не планираат нови удари врз Иран
Американскиот државен секретар Марко Рубио ги извести сојузниците на САД дека Вашингтон во овој момент не планира нови напади врз Иран и дека наместо кон воена акција ќе се насочи кон заострување на санкциите и други облици на притисок врз Техеран.


