Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро ја поддржа во четвртокот претседателската кандидатура на својот син за изборите следната 2026 година, накратко излегувајќи од затвор за уште една операција откако пред седум години беше прободен со нож.

Четириесет ичетиригодишниот сенатор Флавио Болсонаро изјави дека сака да го зацементира конзервативното наследство на својот татко на изборите кои се закажани за 4-ти октомври следната година, на кои ќе се обиде да го симне од власт левичарскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.

Веста за претседателската кандидатура на Болсонаро помладиот овој месец ги потресе финансиските пазари. Инвеститорите претходно се обложуваа дека поранешниот претседател ќе поддржи поискусен кандидат како гувернерот на Сао Паоло, Тарцисио де Фреитас, неговиот поранешен министер за инфраструктура.

„Мојата работа е да не дозволам волјата на народот да биде замолчена, па затоа донесувам одлука да го номинирам Флавио Болсонаро за претседателски кандидат во 2026 година“, рече Жаир Болсонаро во писмо што Флавио го прочита пред болницата во градот Бразилија каде што се лекува неговиот татко.

Станува збор за планиран третман за хернија, објави неговата сопруга Мишел Болсонаро на социјалните мрежи. Седумдесетгодишниот Жаир Болсонаро има историја на хоспитализации и операции поврзани со прободување што го претрпе за време на кампањата во 2018 година, вклучително и 12-часовен третман за повторливи цревни проблеми во април. Судијата на Врховниот суд, Александар де Мораеш, поради операцијата го одобри ослободувањето на Болсонаро од затвор, каде што отслужува 27-годишна казна затвор за заговор за државен удар.

Болничката соба на поранешниот претседател, во којашто нема компјутери и мобилни телефони, е под полициски надзор.

Поранешниот претседател, за кој постои ризик да избега по пресудата, беше приведен кон крајот на ноември и почна да ја отслужува својата 27-годишна казна затвор три дена подоцна.

globe

Слични новости