Студиото Пиксар има голема причина за задоволство, откако во премиерниот викенд нивниот најнов филм „Хоперс“ заработи 46 милиони долари во САД и 42 милиони долари на глобалните пазари, за заработка од 88 милиони долари. Ова е најдобро отварање на оригинален анимиран филм по „Коко“ во 2017.

Од друга страна „Невстата“ на Ворнер Брос на Меги Гиленхал, римејк на „Невестата на Франкештајн“ од 1935 со Кристиан Бејл и Џеси Бакли, помина многу лошо и заработи само 7,3 милиони долари во САД и е трет на Бокс Офисот. Филмот помина лошо и на странските пазари со заработка од скромни 6,3 милиони долари.

Станува збор за високобуџетен филм чие снимање го чинеше Ворнер Брос 80 милиони долари. На второто место на Бокс Офисот е хоророт „Врисок 7“ на Парамаунт, кој викендов заработи дополнителни 32 милиони долари, за тотална заработка од 150 милиони долари.

 

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.