За Божикните и новогодишните празници големите студија ги лансираа семејните филмови, по блиц маркетингот за овие наслови. Сони од 25 декември ја прикажува авантуристичната комедија „Анаконда“ со Џек Блек и Пол Руд. Филмот во четвртокот заработи 9 милиони долари на американскиот пазар.
За втората позиција на Бокс Офисот се бори и филмот Марти Суприм со Тимоти Шаламе и Шарлиз Терон кој има одлични оценки и од критиката и од публиката и кој се очекува да влезе во траката за наградите за Оскар. Филмот заработи солидни 9,5 милиони долари на премиерниот ден на прикажување.
Новиот Аватар во четвртокот заработи 24 милиони долари и веќе стигна до заработка од 544 милиони долари глобално, по бавниот старт на премиерниот викенд.
Слични новости
Хоророт „Self help“ и натаму прв на американскиот Бокс Офис
Прв на американскиот Бокс Офис од минатата недела е хоророт „Self help“ на режисерот Ерик Блумквист, со Ленди Бендер и Џејк Вебер во главните улоги.
„Меланија“ стана филм со најголеми разлики околу квалитетот меѓу публиката и критиката
Ротен томејтоус му дава скор од мизерни 6 проценти. Од друга страна публиката што го гледаше филмот (приврзаниците на Трамп) му дадоа на филмот скор од дури 99 проценти.
Нетфликс го најави емитувањето на документарецот „Диносаурусите“ на Стивен Спилберг
Новиот документарец „Диносаурусите“ на Нетфликс е во продукција на Стивен Спилберг, а нарацијата е на Морган Фримен. Визуелните ефекти и анимациите за „Диносаурусите“ ги изработи студиото на Џорџ Лукас


