Цените на акциите благо пораснаа на европските берзи во петокот претпладнето, но сепак се на пат да да ја завршат трговската седмица со вкупни загуби, главно поради притисокот врз технолошкиот сектор.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,2 отсто во првиот пресек од тргувањето, но сепак е на пат кон значителна седмична загуба втора седмица со ред. Претпладнево лондонскиот индекс FTSE падна за 0,17 отсто на 9.718 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,42 отсто на 23.830 поени, а парискиот CAC 40 порасна за 0,43 отсто на 7.999 поени.
А на азиските берзи, цените на акциите паднаа. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските, падна за 0,8 отсто во истиот временски пресек како и во Европа и е на пат кон значителна седмична загуба. Претпладнево, цените на акциите во Шангај, Австралија, Хонгконг, Јапонија и Јужна Кореја паднаа за меѓу 0,2 и 1,8 отсто. Во Индија, пак, забележаа раст.
Така, азиските берзи го следат вчерашниот пад на Волстрит, каде што Dow Jones падна за 0,84 отсто, додека S&P 500потона за 1,12, а индексот Nasdaq за дури 1,90 отсто.
Вчерашното тргување на најголемата светска берза беше повторување на настаните од вторникот. Поради стравувањата дека цените на акциите на големите технолошки компании достигнаа превисоки нивоа, инвеститорите одлучија да повлечат дел од својата добивка од пазарот. Производителите на чипови беа меѓу најголемите губитници, при што индексот на секторот падна за 2,4 отсто.
Цените на акциите во технолошките компании веќе некое време силно растат, благодарение на еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција, што е главната причина за рекордните нивоа на индексите на берзата.
Но и покрај остриот пад на индексите од почетокот на седмицата, некои аналитичари веруваат дека сè уште има простор пазарот да расте бидејќи сè уште постои подготвеност за купување.
Слични новости
Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел
Претпазлив почеток на седмицата на европските берзи
Европските берзи тргуваа претпазливо во понеделник претпладнето, додека инвеститорите чекаат нови вести, а одлуката на Федералните резерви на САД за каматните стапки е во фокусот оваа седмица
Доларот благо падна, благ раст на цените на нафтата
На валутните пазари, вредноста на американскиот доларот во однос на кошничка валути благо падна во претпладневното тргување во понеделникот


