Цената на златото денес бележи мало намалување на светските пазари, но и понатаму останува на историски високи нивоа.

Според актуелните берзански движења, еден грам злато се продава за околу 127 евра, додека цената на една унца достигнува приближно 3.950 евра. 

Пазарните аналитичари оценуваат дека ваквото движење претставува краткорочна корекција по силниот раст на цената во изминатите недели.

Инвеститорите и натаму го насочуваат капиталот кон златото како безбедна инвестиција во време на глобална економска неизвесност, инфлација и нестабилност на финансиските пазари.

Слични новости

Танкерите повторно минуваат низ Ормутскиот теснец

Танкерите повторно минуваат низ Ормутскиот теснец

Сообраќајот низ Ормутскиот теснец почна да се опоравува по напредокот во преговорите меѓу САД и Иран, а податоците за следењето на бродовите покажуваат дека денеска два супертанкери го напуштија теснецот, додека седум празни танкери впловија во Персискиот залив по нов товар.