Вредноста на биткоинот попладнево порасна за 3,58 насто и изнесува 82.100 евра. Вкупниот обем на тргување со биткоини во изминатите 24 часа изнесува над 50 милијарди евра.
Индексот на страв и лакомост за биткоин денеска се наоѓа во категоријата неутрално и е на ранг 48, што е значајно подобрување во однос на вчера кога беше во категоријата 26 означена како страв.
Порасна вредноста и на другите криптовалути. Итириумот порасна за 5,08 насто, а бајненс коинот за 2,94 насто.
Слични новости
Бројката на новоотворени работни места во САД во декември падна за 386.000
Бројката на новотоворени работни места во САД во декември падна за 386.000 на 6,5 милиони, објави денеска Американското биро за статистика на трудот. Тоа е најголем пад од септември 2020 и е значајно под пазарните очекувања
Европските берзански индекси во пад
Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, додека берзите ги анализираат извештаите за добивките на големите компании и банките на крајот од неделата.
Крах на криптовалутите на берзите
Во четвртокот биткоинот падна за повеќе од 12% на под 64.000 долари ниво кое не е видено од октомври 2024 година. Други популарни криптовалути како Етер и Солана исто така се во пад. Солана, во моментов достигна најниска вредност за последните две години.


