Мицкоски се обидува од една статистичка бројка да направи економска бајка, додека граѓаните секој ден се соочуваат со сè потежок животен стандард и сè повисоки цени, рече денеска на прес конференција потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи, коментирајќи ја прес конференцијата на Владата, на која премиерот и министерката за финансии рекоа дека БДП бележи раст, индустриското производство е во позитива и дека се отворени нови работни места.
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи порача дека економијата не се мери со владини самопофалби, туку со тоа што граѓаните реално можат да купат со својата плата.
Тој нагласи дека Владата го слави растот на БДП од 3,1 отсто, но премолчува дека инфлацијата од 5,7% го јаде стандардот и дека клучни економски показатели покажуваат дека граѓаните живеат сè потешко.
Слични новости
Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2
Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.
СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.
Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици ризици во снабдувањето
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци, поради скокот на цената на нафтата на светските берзи


