Досегашниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика си поднесе оставка. Тој утрово преку писмо го информирал претседателот на Собранието дека се повлекува од функцијата на која за првпат беше избран во јуни 2018 година.
Бислимоски во оставката не ги навел причините за повлекувањето.
Неодамна Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.
Во пријавата поднесена на 29 јануари се наведува дека Бислимоски не постапил според Законот за енергетика и не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје, иако не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива.
Лиценцата наводно требало да биде одземена во јануари 2024 година, но постапката била прекината со незаконско решение и лиценцата е одземена дури во април 2025 година.
Тоа и овозможило на компанијата да работи уште околу 15 месеци и за тој период остварила промет од над 3,15 милиони евра и противправна имотна корист од околу 229 илјади евра.
Бислимоски тогаш на прес-конференција рече дека ќе им ги стави на располагање сите информации на надлежните институции, со цел да докаже дека во постапката за одземање на лиценцата на компанијата не било направено никакво прекршување на законската регулатива.
Слични новости
„Safe City“ доби зелено светло од Собранието – Изгласани измените на Законот за прекршоци
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. „За“ гласаше 81 пратеник, додека 19 гласаа „Против“.
Силата на новата десница
Можеби најзначајно од се во идеолошка смисла, е паѓањето, или барем поместувањето на таканаречениот „санитарен кордон“ околу есктремната десница.

