Разбојниците кои провалија во парискиот музеј Лувр на 19 октомври и украдоа скапоцен накит, се обиделе да ги продадат украдените предмети на израелската безбедносна фирма „ЦГИ Груп“ преку дарк вебот, објави германскиот часопис Билд повикувајќи се на извршниот директор на израелската компанија Звик Навех.

Тајмс оф Израел пренесе дека ден по кражбата израелската компанија ЦГИ соопшти дека Лувр побарал помош од нив во пронаоѓањето на украдените артефакти и Навед тогаш наведе дека „Лувр особено ги замолил да го откријат идентитетот на луѓето вмешани во кражбата„.

Пет дена по кражбата личност која се претставила како претставник на разбојниците ги контактирала ЦГУ Груп, ги прашал дали би преговарале за купување на украдените артефакти и порачал дека израелската компанија има 24 часа да одговори.

Директорот на компанијата Навех вели дека веднаш пријавиле кај надлежните органи во Париз, но поради бирократски процедури, била спречена можноста за враќање на барем дел од украдените артефакти.  

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година