Соединетите Американски Држави влегуваат во завршната фаза од војната со Иран, изјави министерот за финансии Скот Бесент додека се подготвува да ги објави, како што ги нарече, најстрогите санкции во историјата против Техеран.
„В зори почнува економскиот Д-ден, најголемата поединечна финансиска офанзива воспоставена против некој противник“, порача Бесент.
Тој изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ги демонтира воените капацитети на Иран, уништувајќи речиси 100 проценти од неговите воени фабрики и ја „закопа неговата нуклеарна програма“.
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави економски Д-ден за Иран и им се закани на поддржувачите на Техеран со драстични мерки.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.