Соединетите Американски Држави влегуваат во завршната фаза од војната со Иран, изјави министерот за финансии Скот Бесент додека се подготвува да ги објави, како што ги нарече, најстрогите санкции во историјата против Техеран.

„В зори почнува економскиот Д-ден, најголемата поединечна финансиска офанзива воспоставена против некој противник“, порача Бесент.

Тој изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ги демонтира воените капацитети на Иран, уништувајќи речиси 100 проценти од неговите воени фабрики и ја „закопа неговата нуклеарна програма“.

 Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави економски Д-ден за Иран и им се закани на поддржувачите на Техеран со драстични мерки.

Слични новости

Иран го демантираше Трамп: САД не го контролираат Ормутскиот теснец

Иран го демантираше Трамп: САД не го контролираат Ормутскиот теснец

Тврдењата на американски опфицијални лица дека Ормутскиот теснец веќе не е блокиран се лага. Ормутскиот теснец останува блокиран и нема да биде отворен се додека не бидат прифатени условите на Иран, се наведува во соопштението на Техеран.