Европските берзански индекси и денеска главно се во пораст, откако добрите резултати во работењето на холандскиот Филипс и францускиот Керинг позитивно влијае врз трговијата, додека послабиот резултат на британскиот нафтен гигант БП го урна главниот индекс на лондонската берза.

Инвеститорите внимателно ја следат ситуацијата во Велика Британија каде што е загрозена премиерската позиција на Кир Стармер, пренесува ЦНБЦ.

Истовремено, цените на Фјучерсите на берзите во САД паднаа, додека азиските пазари, а особено јапонскиот Никеи 225 достигнаа нови азиски рекорди.

Слични новости

Моделите на „Тесла“ на удар откако Кина забрани сокриени кваки на вратите на автомобилите

Освен „Тесла“, скриени кваки користат и многу други производители на возила на алтернативна енергија, така што новите прописи ќе имаат големо влијание на пазарот во Кина, а веројатно и ширум светот.

Трговска спогодба вредна 500 милијарди евра, Индија ги отвара вратите за американски стоки

Трамп наведе дека Индија се согласила да купува американски стоки на многу повисоко ниво, вклучувајќи енергија, јаглен, технологија и други производи во вредност од 500 милијарди долари.