Американскиот тенисер Бен Шелтон се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен, откако денеска во Мелбурн во осминафиналето го победи Норвежанецот Каспер Руд со 3:1 во сетови ( 3:6, 6:4, 6:3, 6:4).

Мечот меѓу седмиот носител Шелтон и 11-от носител Руд траеше два часа и 36 минути.

Шелтон во четвртфиналето ќе игра против Италијанецот Јаник Синер.

Другите три четвртфинални двојки ги сочинуваат Новак Ѓоковиќ-Лоренцо Музети, Карлос Алкараз- Алекс де Минор и  Александар Зверев- Лернер Тијан.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.