Бомбастичното видео на Белата куќа со кое се промовира војната на Доналд Трамп против Иран, а кое вклучува клипови од повеќе американски филмови, предизвика бура на социјалните медиуми. Видеото содржи клипови од филмовите „Гладијатор“, „Ајронмен“ и „Топ ган“, како и од серијата „Брејкинг бед“.
Во видеото е вклучен и клип од хит комедијата со Бен Стилер од 2008 „Тропска бура“. Бен Стилер во порака на Х побара од Белата куќа да го отстранат клипот од неговиот филм во пропагандното видео.
Стилер напиша дека никој не и дал дозвола на Белата куќа да користи клипови од филмот и дека тој нема интерес да биде дел од нивната пропагандна машина. Војната не е филм, порача Бен Стилер.
Слични новости
Кристофер Нолан објави снимки од неговиот нов филм кој сите го очекуваат „Одисеја“
Најочекуваниот филм на годината „Одисеја“ на Кристофер Нолан, се појави на СинемаКон, каде што режисерот на филмот покажа некои снимки од неговото најново дело, меѓу кои и секвенцата за „Тројанскиот коњ„.
Спор меѓу Турција и Грција за Шкембе чорбата
Еден грчки угостител од Солун покрена иницијатива традиционалната грчка чорба која ја нарекуваат „пача“ да биде на списокот на нематеријалното културно наследство на Унеско, што предизвика нов спор меѓу Турција и Грција околу потеклото на ова јадење
Парижанец освои на лотарија слика од Пикасо вредна повеќе од милион евра
Маж од Париз освои оригинална слика од шпанскиот сликар пабло Пикасо вредна повеќе од милион евра на хуманитарна лотарија за која билетот чинеше 100 евра.


