Фудбалерите на Барцелона синоќа како гости ја победија екипата на Елче со 5:0 во меч од првото коло на шпанската Примера. Барца ја орвори сезоната на најдобар можен начин. Блескаа Рафиња и Фирмињо со по два гола, а се истакна и новото засилување Ентони Гордон кој за пола час игра впиша две асистенции.

Гостите од Каталонија поведоа уште во 14-тата минута од мечот, а интересно е дека Рафиња го прослави голот имитирајќи го Спајдермен, што беше повик до Хулијан Алварез кој има надимак „Пајак“ да и се придружи на Барцелона.

Алварез пак синоќа беше силно исвиркан од навивачите на Атлетикот Мадрид на нивниот стадион „Метрополитано„.

Алварез потпиша договор во 2024 со Атлетико кој важи до 2030 година за неделна плата од 230 000 евра и откупна клаузула од 500 милиони евра, а сега сака да оди во конкурентската Барцелона за обештетување кое е неприфатливо за Атлетико и одбива да тренира со соиграчите.

 

Слични новости

Премиер лигата му се извини на Манчестер јунајтед и призна дека голот на Халанд во дербите морало да биде поништен

Премиер лигата му се извини на Манчестер јунајтед и призна дека голот на Халанд во дербите морало да биде поништен

Се огласи судиската организација која ја призна вината и Премиер лигата и му се извини на Манчестер јунајтед со признание дека ВАР собата погрешила и дека голот морало да биде поништен, но натпреварот сепак е регистриран со 0:1 за Манчестер сити.