Фудбалерите на Баерн Минхен станаа втор клуб по Арсенал кој обезбеди директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите едно коло пред крајот на квалификациската фаза, откако синоќа го победија Унион Сен Жил со 2:0.
Јувентус ја победи Бенфика и така осигура најмалку пласман во плеј офот за осминафиналето, а истото го постигнаа и играчите на Челси со победата на домашен терен против Пафос.
На чекор до риректен пласман во осминафиналето е и Ливерпул кој како гостин го победи Олимпик Марсеј со 3:0.
Во последното коло ќе се решава уште кои шест тимови ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето, а кои 16 тимови ќе играат плеј оф за пласман поатаму.
Слични новости
Крај на кариерата на Линдзи Вон
Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено
Се повреди стоперот Жаке кој Ливерпул го купи за 72 милиони евра
Медиумите пишуваат дека Жаке најверојатно ќе мора да оди на операција, а потоа и на повеќемесечна рехабилитација. Тој беше планиран како големо засилување во срцето на одбраната на Ливерпул за сезоната 2026/2027.
Кем Томас од Бруклин во Милвоки
Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН


