Избор на Влада и носење на одлуки на Уставен со бадeнтер за законите донесени со двојно мнозинство ќе биде условот Али Ахмети и ДУИ да влезе во било кoја Влада, порача на денешниот брифинг лидерот на „интегративците“.

Ахмети тврди дека неговите барања не излегувата од рамковниот договор , не се националистички и дека со нив се зајакнува мултиетничката држава . Не кажа како планира да ги натера политичарите да го прифатат.

„Ова не е штетно решение, не е ниту тешко, а ќе донесе поголема стабилност на државата и функционирање на мултиетничката држава. Рамковниот договор не беше совршен, и во неговиот дух е е зајакнување на унитарноста на државата. Ние сме легалисти и имаме предлог до сите кој што лесно може да помине. Не се пазариме поради тоа што го имаме Бадентер” – вели Ахмети

Ахмети со порака до мнозинството дека со национализам ја води државата во погрешен правец.

„За да се подгрее национализмот, нема подобар од мене. Јас сум еден од учесниците што ја растурија Југославија и имав проект 1981-2001. Албанците се државотворен народ во Македонија и никако не смее да бидат потценети. Не е лесно да се занимаваме со оваа филозофија што ја претставивме пред граѓаните. Македонските партии не треба да се залажуваат со албански партии вазали, кои не нудат одржливи решенија. Тие може да се прифатливи за македонските партии во одредени моменти, но се многу штетни за државата“, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ тврди не се откажал од предвремени избори, но не кажа како ќе го изнуди нивното одржување. Повтори дека клучnо за борбата со корупција е неговиот предлог за ветинг на сите функционери во последните 35 години. Одби да одговори дали е ова негов последен мандат, вели помлад бил од Трамп, а тој како капетан треба да го напушти бродот кога ќе стиген до брегот, каде е брегот Ахемти тврди не е Илинденска број 2

globe

Слични новости

Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест

Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест

Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест.

Втор починат од грип во Македонија

Втор починат од грип во Македонија

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен маж од внатрешноста, откако неговата состојба се искомплицирала по инфекција со инфлуенца А.