Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на 373 контроли спроведени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти денеска Агенцијата.
Со контролите е утврдено дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра во денарска противвредност.
Кај девет оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај седум била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај два оператора најдена била и храна со непознато потекло.
Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса или не воделе соодветни записи.
Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите,
Слични новости
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.
Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот.


