Сенегал го победи Мароко во финалето на Африканскиот куп на нации со 1:0 со гол во продолеженијата на Пеп Геј, откако натпреварот заврши 0:0.

Во Сенегал титулата се прославуваше три дена и три ноќи, но Мароко се жалеше и бараше натпреварот да биде службено регистриран со 3:0 за Мароко, а Судот за жалби донесе таква одлука и направи историски преседан.

Мароко се жалеше бидејќи при резултат 0:0 беше досуден сомнителен пенал за Мароко, по што Сенегалците го напуштија теренот.

Сепак Садио Мане ги убеди Сенегалците да се вратат на теренот, Брахим Диаз го промаши пеналот и Сенегал дојде до титулата во продолженијата.

Но, според правилниците на натпреварувањето, бидејќи Сенегалците го напуштија теренот, тоа автоматски значи дека го загубија натпреварот, иако подоцна се вратија на теренот.

Станува збор за историски преседан незабележан во врвниот фудбал.  

Слични новости

Тренерот на Брентфорд Кит Ендрјус го продолжи договорот до 2032

Тренерот на Брентфорд Кит Ендрјус го продолжи договорот до 2032

Тренерот На Брентфорд Кит Ендрјус го продожи договорот со клубот до 2032 година, официјално соопшти Брентфорд. Ирскиот тренер седна на клупата на тимот минатото лето, откако Томас Франк замина од Брентфорд за Тотенхем, каде што подоцна доби отказ.