Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.

Алексеев е првиот заменик-шеф на руската воена разузнавачка служба ГРУ и беше ставен под европски санкции откако оваа агенција беше обвинета за напад со нервен агенс во Англија во 2018.

Тој имаше значајна улога и во војната во Украина, при што учествуваше во разговорите со Украина за време на руската опсада на Мариупол и подоцна преговараше со шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгени Пригожин.

Засега не е познато кој стои зад нападот врз Алексеев. 

 

Слични новости

Дмитриев: Повлекувањето од Донбас е пат кон мирот за Украина

Дмитриев: Повлекувањето од Донбас е пат кон мирот за Украина

Русија контролира околу 90 проценти од регионот на Донбас, а рускиот претседател Владимир Путин во повеќе наврати истакна дека ако Украина не се откаже од остатокот на Донбас што е под нејзина контрола, Русија насилно ќе го заземе.

Германскиот министер за одбрана Пасториус остро одговори на коментарите на Трамп

Германскиот министер за одбрана Пасториус остро одговори на коментарите на Трамп

Германскиот министер за одбрана Борис Пасториус го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се извини поради изјавите кои сугерираат дека американските сојузници во НАТО ја одбегнувале службата на првата линија на фронтот во Авганистан.