Фудбалерите на Астон Вила вечерва го совладаа Челси со 2:1 на Стамфорд Бриџ, иако губеа со 0:1. Со ова Астон Вила постигна 11-та победа во низа во сите натпреварувања, а осма по ред во Премиер лигата. Со оваа победа Вила испиша историја, затоа што ваква серија успеси никогаш немало во историјата на клубот од Бирмингем.
Челси доминираше во првите 60 минути од натпреварот и заслужено водеше со 1:0. Но, потоа од клупата влезе Оли Воткинс и целосно го сврте натпреварот. Најпрвин Воткинс израмни на 1:1 во 63-тата минута од натпреварот, а потоа Астон Вила целосно ја презеде иницијативата и во 84-тата минута со вториот гол на Воткинс стигна до победата на Стамфорд Бриџ.
Астон Вила е трета во Премиер лигата само 3 бода зад водечкиот Арсенал и со еден бод заостаток зад второпласираниот Манчестер сити.
Слични новости
Крај на сезоната за Џејми Гитенс од Челси
Фудбалерот на Челси Џејми Гитенс ќе отсуствува подолго време од терените поради повреда на бутниот мускул, соопшти денеска лондонскиот клуб.
Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана
Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.
Пејтон Вотсон најновиот повреден кај Денвер Нагетс
Пејтон Вотсон има повреда на задната ложа и не е познато колку ќе отсуствува од теренот. Поради истата повреда Арон Гордон не игра веќе со месеци.


