Филмскиот фестивал во швајцарскиот град Локарно годинава ќе помине во знак на оддавње признание на италијанските филмски уметници, актери, режисери и музичари. Наградата за животно дело ќе и биде доделена на Асиа Арџенто на 13 август.

Арџенто го имаше своето деби како мало девојче во „Демони 2“ на Ламберто Бава, а во 1989 глумеше во филмот „Паломбела роса“ на Нани Морети.

„Асиа Арџенто е една од најистакнатите европски актерки од нејзината генерација и многу придонесе за развојот на авторскиот филм“, изјави уметничкиот директор на фестивалот во Локарно Џиона Назаро.

Во нејзината кариера доби две највисоки италијански признанија „Давид ди Донатело“ , а имаше можност да соработува со најдобрите италијански режисер, но и со Гас Ван Сант, Софија Копола и Абел Ферара.  

Слични новости

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.

Грција: Бројката на новородени бебиња опадна за скоро 50 насто

Грција: Бројката на новородени бебиња опадна за скоро 50 насто

Грција бележи остар пад на наталитетот, па така бројот на новородени бебиња падна од 117.600 во периодот 2008-2009 на 65.000 последниве две години. Истовремено, просечната старост на родилките постојано расте и додека во 2008 изнесувала 30 години, сега изнесува 32,3 години, пишува Катимерини.