Повеќе од две децении по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок состав Архангел официјално се враќа со нова музика.

Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје.

Објавувањето на „Дни оловни“ претставува вовед во новото музичко поглавје на бендот пред средбата со публиката. На концертот, покрај генерациските хитови од досегашната дискографија, Архангел премиерно ќе изведат и дел од новите композиции во живо.

Слични новости

Грчките возачи меѓу најопасните во Европа

Грчките возачи меѓу најопасните во Европа

Грчките возачи, според однесувањето зад воланот, се меѓу најопасните во цела Европа, објави денеска весникот „Катимерини“, повикувајќи се на најновите резултати од истражувањето за одговорно возење.

Фифа ги поништи бесплатно поделените влезници за Мундијалот поради грешка во системот

Фифа ги поништи бесплатно поделените влезници за Мундијалот поради грешка во системот

ФИФА призна дека поради грешка на нејзината интернет страница им било овозможено на околу 60 навивачи да купат билети за Светското првенство во фудбал 2026 безбило каков надомест и дека спорните билети се поништени.