Поранешниот менаџер на Арсенал Арсен Венгер ја разгледува можноста да се кандидира против Џани Инфантино на изборите за претседател на ФИФА, пренесоа британските медиуми.

Како што пренесува Би Би Си високи функционери на европскиот фудбал со недели лобираат кај Венгер да ја прифати кандидатурата, а Французинот сериозно ја разгледува можноста.

Венгер има 77 години, поради што се поставва прашањето дали може да обезбеди долгорочно раководење со куќата на светскиот фудбал.

Инфантино е под силни критики откако пропадна неговиот план за продажба на комерцијалните удели на Светското првенство на приватни инвеститори.

 

 

Слични новости

Покетино неделава ја презема клупата на Јунајтед, навивачите незадоволни од планираните засилувања

Покетино неделава ја презема клупата на Јунајтед, навивачите незадоволни од планираните засилувања

Првата цел на Покетино во дефанзивата е Калвин Баси од Фулам кој може да игра лев бек и стопер. Баси има 26 години, во Фулам дојде од Ајакс, а експертите сметаат дека нема квалитет за да игра во голем англиски клуб.